Организаторите на УС Опен направија преседан

Новак Ѓоковиќ ги дозна своите ривали на УС Опен чија ждрепка се случи пред некој ден.

Она што е чудно за ждрепката е тоа што таа беше практично во тајност, бидејќи нема да се емитува на телевизија, ниту преку пренос во живо, на официјалната веб-страница, па дури и на социјалните мрежи.

Како што пишува „Марка“, УС Опен е еден од најмодерните грен слемови, бидејќи тие први воведоа еднакви награди за машкиот и женскиот тенис, па чудно е што со ждрепката направија преседан.

Едно е сигурно, а тоа е дека Новак Ѓоковиќ е втор носител на последниот грен слем сезонава, а Шпанецот Карлос Алкараз е прв, па двајцата нема да можат да се сретнат пред финалето.

Ѓоковиќ првпат по две и пол години ќе учествува на УС Опен.

Искусниот тенисер рече дека има нервоза. Ѓоковиќ потврди дека е во одлична форма со освојувањето на Мастерсот во Синсинати и со победата во епското финале против Шпанецот Карлос Алкараз, кој ќе му биде најголемиот ривал во Њујорк.

„Јас сум многу нервозен, како и сите други. Луѓето мислат дека немам никаков стрес или напнатост, но всушност напротив, имам многу. Се договарам со него, управувам со стресот. Секој има свој начин да управува со тоа. Имав физички потешкотии во финалето на Синсинати, Карлос одигра брилијантно. Игравме финале за паметење, тоа беше возбудливо и дефинитивно е во првите три во мојата кариера. Затоа паднав на теренот по натпреварот, се чувствував како да освоив грен слем. Се чувствував исцрпено неколку дена потоа. Се уште имам сила и на 36 години“, изјави Ѓоковиќ.

Тој имаше интересен разговор на таканаречениот медиумски ден на централниот стадион „Артур Еш“ и во таа прилика одговори на прашање на една госпоѓа од трибините која песна треба да се свири на теренот пред почетокот на натпреварот.

Ѓоковиќ го избра познатиот хит на AC/DC „Thunderstruck“ бидејќи таа песна го мотивира.

Ждрепката одреди Ѓоковиќ да стартува против Александар Милер од Франција, 85-ти на АТП листата, а во второто коло неговиот ривал ќе биде подобриот од дуелот меѓу Запата Мираљес и Квин. Во третиот можевме да го гледаме дуелот на Новак со Ласло Ѓере, а во четвртиот против Огер-Алијас или Серундол.

Потоа следува четврт-финалето, каде што негов проектиран ривал би можел да биде Тејлор Фриц или Стефанос Циципас, а во полуфиналето би можел да игра со Холгер Руне или Каспер Руд.

Секако, сите го очекуваат финалето со Карлос Алкараз.

Кога станува збор за Шпанецот, тој ќе стартува против Германецот Доминик Кепфер, во второто коло го чека Пеља или Харис, а во третото Ван де Зандшилп или Британецот Еванс. Првиот сериозен тест би можел да биде во осминафиналето против Нори или Грикспор, а особено во четвртфиналето против квалитетните и непријатни Јаник Синер или Александар Зверев. Во полуфиналето би можел да се соочи со поранешниот победник на УС Опен, Данило Медведев, а ако сето тоа се случи, тогаш би можеле да гледаме ново финале Ѓоковиќ-Алкараз.