– Израел, кому му се суди за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), користи високотехнолошки системи на оружје и „smart“ муниција од американско потекло во масакрите што ги спроведува во Појасот Газа од 7 октомври минатата година.
Медиумските извештаи велат дека има докази дека Израел ја користел бомбата со мал дијаметар ГБУ-39Б, тип високотехнолошка наведувана бомба фрлена од авион, особено за време на нападот на 26 мај врз незаштитените шатори од раселените Палестинци кои престојувале во Рафа, при што се убиени десетици Палестинци. Важно е да се напомене дека авионите на израелската авиофлота технички се компатибилни со оваа муниција.
Соочени со изјавите на сведоците дека израелски воени авиони го бомбардирале кампот со најмалку осум ракети, израелското Министерство за одбрана објави дека во нападот биле користени две „smart“ муниции од 17 килограми, за кои тврдеа дека ќе ги минимизираат цивилните жртви. Голем број цивили беа убиени и ранети поради ефектот на притисок и пожарите предизвикани во шаторите.
Познато е дека од 7 октомври САД со невидено темпо и количество му обезбедуваат вооружена поддршка на Израел. Во првите 45 дена, САД испратија повеќе од 10.000 тони оружје во Израел со 244 товарни авиони и 20 бродови. Во прашање е воена помош од над 15.000 бомби и 50.000 артилериски гранати.
Дополнително, непознато количество оружје и муниција беа префрлени од САД во магацини во Израел познати како Воени резервни залихи на сојузниците-Израел („War Reserves Stock Allies-Israel“ (WRSA-I)).
Се тврди дека повеќе од 100 воени одобренија за продажба на оружје на Израел биле издадени во периодот од октомври 2023 до март 2024 година, но само две биле објавени во јавноста.
Познато е дека најголемата зделка е продажбата на авионите Ф-15 и муниција во вредност од 18 милијарди долари, за која на почетокот на април се зборуваше дека е блиску до завршување. Тој пакет вклучува 50 нови борбени авиони Ф-15, 30 напредни проектили воздух-воздух со среден дострел AIM-120 и комплети на Заедничка муниција за директен напад (Joint Direct Attack Munition – JDAM) кои ги претвораат ненаведуваните бомби во прецизно наведувано оружје.
– Трансферот на оружје и муниција од САД не е намален
На крајот на јануари, во израелскиот печат се појави вест дека САД ќе му продадат на Израел авиони Ф-35, хеликоптери за напад Апачи, беспилотни летала и илјадници артилериски гранати.
Кон крајот на март, американската администрација на Израел му одобри продажба на 25 авиони Ф-35 и авионски мотори во вредност од 2,5 милијарди долари, како и испорака на 1.800 бомби МК-84 и 500 МК-82.
Потоа, на 7 мај, беше кажано дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја одложила продажбата на околу 6.500 JDAM-комплети, кои Израел наводно ги користел во Газа.
На 8 мај, американскиот печат објави дека испораката на 1.800 бомби и уште 1.700 бомби за Израел била запрена поради загриженоста дека тие ќе се користат во густо населените области.
Договорот за продажба на 25 авиони Ф-35 меѓу САД и Израел беше потпишан на 4 јуни.
– Оружје и муниција што САД им ги дадоа на израелските копнени сили
Израел се снабдува со оружје од инвентарот на копнените, поморските и воздушните сили на САД, Германија, Англија, Италија и Франција, како и од сопствено производство. Конкретно, Израел повеќето од своите воздушни платформи и муниција ги користи директно од САД.
Претходно беа развиени и користени тенкови од американско производство како што се М4 „Шерман“, М48 „Патон“ и М60 „Сабра“, но Израел престана да купува тенкови од други земји откако почна да го произведува домашниот тенк „Меркава“.
– Оклопен транспортер М113 (АПЦ)
По САД, Израел со повеќе од 6.000 единици е земјата која најмногу ги користи оклопните возила М113. Меѓутоа, Израел користи еврејски имиња во различни модели дизајнирани да одговараат на географските услови.
Израелскиот модел М113 ги носи имињата „Барделас“, „Нагмаш“, „Зелда“ и „Зелда 2“, кои имаат реактивен оклоп и моделите „Нагман“ и „Касман“ кои се наменети за урбана борба. Израел планира да го замени M113 со „Намер“ и „Ејтан АФВ“ до крајот на 2020-тите, со програма за размена што започна во 2014 година.
– M270 MLRS
Израелските копнени сили интензивно го користеа ракетниот систем М270 (MLRS) во претходните напади на Појасот Газа.
Израел користи подобрена верзија на М270, наречена „Менатец“, дизајнирана во 1982 година и за првпат користена во Заливската војна во 1991 година. Може да истрела ракети од израелско производство како Раам Ејтан, РАМАМ, Ромач/Акулар, ЛОРА, како и ракети GMLRS од американско производство.
– Хаубица М109
М109 е тип самоодна хаубица која може да истрела артилериски гранати со дијаметар од 155 милиметри. Израел има 250 единици од американскиот модел M109A5 и 30 единици од моделот M109A2.
Овој систем се користи со екипаж од четири до шест лица, а моментално го произведува американската компанија „BAE Systems Platforms & Services“.
Израел врз Газа истрела десетици илјади американски гранати од 155 милиметри на „Џенерал динамикс“ со М109. Некои од нив, M825 и M825A1, кои содржат бел фосфор, се забранети за употреба во области населени со цивили и потенцијално претставуваат воено злосторство.
– Поморски сили
Поголемиот број бродови на израелската морнарица се од германско производство. Единствените поморски платформи од американско потекло се корветите од класата „Саар 5“. Познато е дека Израел ги користел во своите напади врз Газа од октомври 2023 година.
Постојат три корвети произведени од „Northrop Grumman Ship Systems“ (NGSS).
„Саар 5“ вклучува противбродски ракети „арпун од американско производство, израелски ракети воздух-земја од типот Барак, митралез за блиска заштита Фаланкс CIWS од 20 милиметри, Станица за оружје Тајфун (Typhoon Weapon Station), торпеда од 324 милиметри и хеликоптер.
– AH-64 Апачи
Хеликоптерот Апачи, кој го направи својот прв лет во 1975 година и стапи во употреба во 1986 година, во моментов го произведува американската компанија „Boeing Defence, Space & Security“ (BDS).
Израелските воздухопловни сили имаат 48 јуришни хеликоптери АХ-64 Апачи, вклучувајќи ги и моделите А (израелско име Петен) и Д (Сараф).
Израелската Армија има и 50 хеликоптери Сикорски УХ-60, кои се нарекуваат Јаншуф. Покрај тоа, Израел нарача осум модели од поморската верзија на СХ-60 Сихоук.
– Проектили земја-земја и воздух-земја
Повеќецевниот наведувачки ракетен систем (GMLRS) на Локхид Мартин, познат и како повеќецевен ракетен систем М270, има дострел од 15 до 70 километри.
Проектилот АГМ-114 Хелфајр, што Израел исто така го користеше во нападите на Газа, го произведуваат американските компании Локхид Мартин, Боинг и Нортроп Груман.
Ракетите „Хидра 70“, произведени од американскиот „Џенерал динамикс“, можат да бидат опремени со различни боеви глави, вклучувајќи ги и оние што содржат бел фосфор.
AGM-65 Маверик е произведен од американската компанија „Raytheon Missiles & Defense“ (RMD). Маверик може да се користи против различни тактички цели како што се блиска воздушна поддршка, воздух-земја, оклопни возила, системи за противвоздушна одбрана, бродови, конвои и магацини за гориво.
– Авиони и хеликоптери што САД му ги дадоа на Израел
Иако израелските воздухопловни сили имаат воздухопловни платформи купени надвор од САД, најголемиот дел од нивниот инвентар е од американско потекло.
Во воздухопловните напади Израел ги користи борбените авиони F-15 Игл, F-35I Адир, F-16I Фајтинг фалкон од американско производство.
Освен нив, во израелската авиофлота се наоѓаат и авионите „Супер кинг ер“, „Ц-130 Херкулес“, „C-130J Супер Херкулес транспорт“, „Боинг 707“, „KC-46 Пегасус“, авионски танкери „KC-130 Херкулес“, „Супер кинг ер“, „Гујфстрим G550“, авиони за електронско разузнавање од американско потекло, а се користат и авионите за обука T-6 Тексан II, авионите за општа намена Бел 206 и тешкиот транспортен хеликоптер Сикорски CH-53.
Авионот F-15 Игл, кој во САД е во процес на одобрување за продажба, во моментов го произведува компанијата Боинг.
Познато е дека Израел во својот арсенал има вкупно 86 авиони F-15I, од кои 66 се борбени, а 20 се за обука, именувани како Раам (Гром).
Овој авион поседува топ од 20 мм и може да ги користи ракетите воздух-воздух AIM-7 Спероу, AIM-9 Сајдвиндер, AIM-120 AMRAAM, воздух-земја CBU-52/59/71/87/89 и проектилите MK-20 Рокај, AGM-88 HARM.
Ф-35 е вториот тип американски воен авион што го поседува Израел. Израелската верзија на тој авион се вика Адир. Познато е дека израелските воздухопловни сили, кои во моментов поседуваат 39 од овие авиони, планираат да купат уште 36.
Додека само ракетите воздух-воздух од типот AIM-120 и AIM-260 можат да се носат во внатрешните прегради на авионот, на авионските крила можат да се носат JDAM воздух-земја, ласерски водени бомби Павевеј, AGM-154 (JSOW), AGM касетни бомби од сериите – 179 (JAGM) и CBU и противбродските проектили AGM 158.
Покрај тоа, многу мала муниција како што се GBU-39, GBU-53/B и SPEAR 3 може да се монтираат на неговите крила. Авионот има топ од 25 мм.
Авионот Ф-35 е способен да носи нуклеарни бомби B61 Мод 12, но не е познато дали таквата муниција е достапна во Израел.
Израел има 175 борбени и 49 авиони за обука од типот F-16 Фајтинг фалкон, произведен од Локхид Мартин. Израел ги користи моделите „Ц“ и „И“ на Ф-16, кои ги нарекува „Барак“ и „Суфа“.
Израел ги има моделите Блок 30/40/52 на F-16 C. F-16I е верзија со две седишта на F-16D Блок 52+ развиен за Израел, поддржан со системи од израелско производство.
Ф-16 има топ од 20 мм, а може да истрела ракети Хидра 70, AIM-7 Спероу, AIM-9 Сајдвиндер, AIM-120 и израелски проектили Пајтон, воздух-земја AGM-65 Маверик, AGM-88 HARM, AGM- 158 JASSM, противбродски проектили AGM-154 JSOW, AGM-84 и AGM 119, бомби CBU 58/87/89/97, Марк 82/83/84, GBU-39 и GBU-10/12/24/ 27 и ЈDАМ-бомби.
– Авионски бомби воздух-земја
Израелската војска има неколку сериски авионски бомби воздух-земја и муниција од американско потекло. Меѓу нив се и бомбите познати како серијата МК.
Марк 82 (МК-82), бомба со слободен пад, производ на американската компанија „General Dynamics Ordnance and Tactical Systems“, се користи против тенкови, згради и други копнени цели.
Главните цели на Марк 83 (MK-83) се големи згради, фабрики, енергетски центри, мостови, подземни засолништа и хангари за авиони.
Бомбата Марк 84 (МК-84) е позната како бомба која со својата големина и експлозив во себе има моќ да уништува градежни блокови и да предизвика големи штета.
Покрај серијата МК, израелската Армија во својот арсенал ја има и серијата GBU од американско потекло.
GBU-12 е наведувана авионска бомба произведена од американскиот Локхид Мартин.
GBU-15, производ на Роквел интернешнал, може да се користи и како противбродска бомба.
GBU-16 Павевеј II е воздушна бомба создадена со прикачување на комплет за ласерско водење на бомбата за општа намена МК-83, тешка 450 килограми.
GBU-27 Павевеј II се користи со додавање ласерско водење BLU-109 на бомбите за пробивање бункери.
Бомбата GBU-28, произведена од американската компанија „Raytheon и General Dynamics“, тежи 1.814,3 килограми и може да навлезе 50 метри во земја и пет метри во бетон.
Покрај тоа, Израел ги поседува и бомбите GBU-31 и GBU-32.
– Бомбата GBU-39B е користена во Рафа
Боинг ја произведува наведуваната бомба воздух-земја GBU-39B. Позната е како GPS-наведувано оружје кое почна да се употребува во 2006 година. Има максимален дострел од 74 километри и може да биде опремена со боева глава со максимална тежина од околу 113 килограми.
GBU-39B може да се лансира од авионите што ги поседува Израел.
– BLU-109
Авионската бомба BLU-109 има експлозивна тежина од 243 килограми. Оваа бомба може да биде опремена со комплетот JDAM и тогаш се нарекува GBU-56.
Оваа бомба долга 2,41 метар може да продре во бетонски засолништа со дебелина од 1,2 до 1,8 метри.
– Касетни бомби
Овие видови бомби содржат помали бомби и буквално ги распрскуваат каде и да бидат фрлени. Неексплодираните бомби можат да предизвикаат сериозни цивилни жртви. Познато е дека Израел користеше касетни бомби во Либан во 1978, 1982 и 2006 година. Се верува дека Израел користел касетни бомби и во своите напади на Појасот Газа.
Касетната бомба CBU-58, која е една од забранетите бомби, во себе содржи 650 бомби BLU-63.
А.А