За нов генерален директор на Македонски пошти е именуван Орхан Куртиши. Тој на оваа функција ќе го замени Идри Истрефи.
Куртиши доаѓа на директорската функција во Пошта како раководител на подружницата Алтернатива во Куманово.
„Ветувам дека оваа задача ќе ја извршувам со одговорност, чест и посветеност во служба на граѓаните! Им благодарам на структурите на огранокот на Алтернатива во Куманово, но и на сите структури на коалицијата ВЛЕН“, рече Куртиши.
Негов заменик ќе биде струмичанецот Николчо Угринов, а други членови на УО се именувани Даница Јованова, Хатије Етеми, Агим Бафтија, Бојан Кереместевски и Дејан Николовски.