Осаменоста те убива побрзо од дебелината

Шокантно истражување откри дека осаменоста може да биде поопасна од прекумерната тежина

Отсекогаш сме знаеле дека луѓето се друштвени суштества, но се чини дека дружењето е клучно за нашето постоење.

Статистиката го докажува тоа – според експертите, осаменоста може да резултира со 50% зголемени шанси за прерана смрт, што е помал ризик во споредба со 30% зголемен ризик од прерана смрт од дебелина.

И покрај технолошкиот напредок за кој се претпоставува дека подобро нè поврзале едни со други, се чини дека осаменоста само се зголемила. Во Америка луѓето постојано се чувствуваат поизолирани, без разлика на нивните финансии и семејството.

Околу 70% од нив веруваат дека пријателите и семејството би биле изненадени доколку дознаат дека се чувствуваат изолирани, пренесува Telegraph.

Неодамнешното истражување спроведено од „Грансет“ откри дека 75% од постарата популација во ОК страда од осаменост. Повеќето дури и не зборуваат за тоа. Статистиката само ја покажува реалноста дека Британија е многу блиску да стане најосамената земја во цела Европа.

Во ОК, осаменоста станува епидемија и ја чини Европа многу пари. Само за боледување се трошат околу 26 милиони долари годишно. Осаменоста е многу штетна за човекот и физички и психички.

Многу научни докази во изминатите неколку години сугерираа дека осамените луѓе имаат голем број здравствени проблеми кои само ги водат кон рана смрт.

Експертите препорачуваат да им посветите повеќе внимание на децата за да им овозможите развој на социјалниот живот и да ја развиете нивната способност за интеракција со надворешниот свет.