ОСВЕН СУПА И ЧАЈ, ЕВЕ КОИ ДРУГИ НАМИРНИЦИ МОЖАТ ДА ВИ ГО ЗАЈАКНАТ ИМУНИТЕТОТ – Помагаат при воспаленија и тие се вистински лек за нашиот имунолошки систем
Сезоната на настинка и грип не престанува. Малаксалсот, покачена температура, течење на носот, кивање, се само дел од симптомите кои можат да го расипат расположението, но и празниците. Сепак, имаме природни „лекови“ на дофат на раката. Се работи за храна!
Кога се разболуваме, кога станува збор за храна и пиење, најчесто посегнуваме по чај и домашна супа. Но, постојат намирници кои можат да ви помогнат побрзо да ги надминете настинките и грипот.
Нутриционистот Ријенон Ламберт откри за The Sun која храна делува на зајакнување на имунолошкиот систем. Ријенон Ламберт посочи дека не постои единствена храна која ќе обезбеди целосна заштита од болеста. Сепак, јадењето разновидна храна може да го намали воспалението и да го зајакне имунитетот.
1.) ПРОБИОТСКА ХРАНА
„Пробиотската храна е храна која содржи живи бактерии кои помагаат во одржувањето на здравјето на цревата“, објасни Ријенон Ламбер, додавајќи дека околу 70% од нашиот имунолошки систем се наоѓа во цревата.
„Кога сте болни, особено ако сте земале антибиотици, вашата цревна микробиота може да биде нарушена, што доведува до нерамнотежа на бактериите. Храната како јогурт, кефир, мисо, кисела зелка и кимчи ќе ви помогнат да додадете некои пријателски бактерии во дигестивниот систем повторно да воспостави рамнотежа“, советува таа.
2.) ЛУК
Лукот е надалеку познат како една од најмоќните намирници за зајакнување на имунитетот и на целиот организам. За тоа е одговорен неговиот состав, поточно алицинот. Според нутриционистот, некои истражувања сугерираат дека микробниот елемент на лукот може да делува во борбата против бактериите и вирусите кои често се поврзуваат со болести како настинка и грип.
3.) ЃУМБИР
Ѓумбирот е уште една одлична храна за зајакнување на имунитетот. Посебно е добар при мачнина или вознемирен стомак. Може да се додаде во сите видови јадења или едноставно да го сварите и да направите чај од ѓумбир.