Освоил џекпот во казино во Сингапур, мажот додека славел од радост доживеал срцев удар

Еден човек колабирал и доживеал срцев удар во казино во Сингапур откако освоил џекпот од 3,5 милиони долари.

Неименуваната жртва е фотографирана и снимена, а снимката е објавена на социјалните мрежи на која се гледа како одеднаш паѓа на земја во казиното Марина Беј Сендс, додека танцува и ја прославува победата, пренесува Телеграфи.

Се собра толпата очевидци и истрчаа да му помогнат на човекот кој лежеше на земја. Една жена врескала додека лекарите се обидувале да и помогнат.

Локалните медиуми јавуваат дека мажот моментално се наоѓа во болница и се опоравува, негирајќи ги првичните информации дека починал.

Жртвата паднала во близина на масите на култното казино лоцирано во централната деловна област на Сингапур.

Останува нејасно која игра го добила џекпотот, но случајни минувачи ја снимале толпата која се обидува да и помогне на жртвата.