Освоил 40 милиони долари на лотарија и дал отказ на работа! Еве што прво си купил: Многумина го поддржале кога слушнале што направил за своите деца (фото)
Животот на Клиф Литл целосно се промени кога една вечер беше прогласен за добитник на лотарија. На неговата сметка легнале 40 милиони долари кои радикално му го промениле вообичаениот живот.
Бајката од неговите соништа која се оствари го привлече интересот на целиот свет, а во интервју за телевизијата „9 Вести“ опиша како се чувствувал кога ја слушнал неверојатната вест.
– ,,Не можев да одам да спијам. Не можев да заспијам. Постојано го проверував билетот пред да си легнам“, рече Клиф.
Веднаш по паричната добивка решил да ја напушти работата и да се пензионира. И тој реши да ја исполни својата долгогодишна желба. Тој купил спортски автомобил Toyota Supra, недвижен имот за своите деца, а дел од парите ги вложил во тркачки коњи.
– Луѓето можат да кажат што сакаат и да зборуваат дека парите не се важни, но парите се одлична работа. Тоа секако не е најважната работа на светот, но решава многу проблеми – изјави Клиф.
Тој не сакаше само да троши пари без причина, туку реши да ги зголеми со инвестирање на дел од паричната награда во коњи за трка. Луѓето кои работат со неговите коњи велат дека никогаш не го виделе, но се задоволни од тоа како ги плаќа.
– Фантастично е кога твоите соништа ќе се остварат – рекол Клиф кога го прашале како се чувствува што не ги трошил парите што ги добил и ги обезбедувал своите деца.