За време на состанокот во Советот за безбедност на ОН, кој се одржа во рамките на 78. Генерално собрание на ОН што оваа недела се одржува во Њујорк. Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, зборуваше за актуелните предизвици каде му се заблагодари на албанското претседателство со Советот за безбедност за месец септември, нагласувајќи дека комбинираното присуство на Северна Македонија и Албанија во ОН, и дека тоа е силен знак на посветеност и одговорност од две балкански држави.
„Војната претставува најголемо кршење и предизвик на меѓународните правила и обврски кои беа напишани и потпишани од истата Русија која сега ги презира. Тоа ги уништува не само животите и средствата за живот во Украина, домовите и надежите на луѓето, туку и надвор од тоа, влијае на животите на луѓето многу подалеку од Русија“, рече Османи.
Како претседавач со ОБСЕ, тој исто така нагласи дека организацијата континуирано ја дава својата поддршка преку Програмата за поддршка во различни области кои се веќе на терен и кои вклучуваат хуманитарно деминирање, промовирање на владеењето на правото и ублажување на еколошките и економските последици. Тој најави и дека планира да оствари уште една посета на Украина за од прва рака да ги слушне потребите, надежите и стравовите на луѓето.
Врз основа на темелите на нашите организации, како што рече Османи, и работејќи заедно, без компромиси за договорените принципи, „мора да направиме се за да продолжиме со нашите заеднички напори за мир, стабилност и безбедност“.