– Претседателскиот кандидат на ДУИ и актуелен министер за надворешни работи Бујар Османи, вечерва објави дека ги собрал потребните 10.000 потписи потребни за претседателската кандидатура.
-Веста дека се собрани над 10 илјади потписи, ме најде во домашен амбиент додека ја барав поддршката и од моите најблиски, сега со поддршката на Ваљбона, Елиза Мал и Луан и над 10 илајди потписи кои се собраа во рекордно време, за два работни дена се најгоелмото признание, но пред се голема обврска да велзам со најголемата сериозност во оваа историска кандидатура за претседател на Рeпублика Северна Македонија, објави Османи на својата Фејсбук страница.
Османи порача дека посакува позитивна кампања, како што вели, „да се натпреварува со идеи и дела“ и се заблагодари на сите за големата поддршка.
Заклучно со податоците на Државната изборна комисија од 25 февруари до 20 часот, на второ место е градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски кој до вчера до 20 часот собрал 5923 потписи, додека Билјана Ванковска, кандидатката на Левица, досега има 4478 потписи.
Градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски има бројка од 3091 потпис, по што следи кандидатот на албанската опозиција Арбен Таравари кој има 1645 потписи. Останатите претенденти за претседателска кандидатура се под 1000 потписи.