Османи: Да не дозволиме да се дефокусираме и да се дезориентираме, туку да го одржиме курсот и одговорноста пред идните генерации
Во пресрет на почетокот на собраниската седница за уставните измени закажана за овој петок, министерот за надворешни работи и потпретседател на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи, денеска преку својот Фејсбук профил повикува „ да не дозволиме да се дефокусираме и да се дезориентираме, туку да го задржиме курсот и родителската одговорност пред идните генерации“.
„Ни делат само два дена од почетокот на еден од најважните процеси за обезбедување безбедна и просперитетна европска иднина за нашите граѓани, собраниската седница за уставни измени. Затоа, ве повикувам да не дозволите да се дефокусираме, да се дезориентираме сега кога сме во финале, туку да го задржиме курсот и родителската одговорност за идните генерации.
Сега е моментот!“, напиша Османи.
Тој во објавата споменува дека „со месеци доаѓаат пријатели и министри од целиот свет и не охрабруваат со пријателски совети да се фокусираме на овие предизвици и да ја надминеме оваа последна формална пречка пред отворањето на големиот хоризонт на преговарачките поглавја“.