Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, испрати силна порака до граѓаните кои биле измамени со купување станови во дивоградби. „Граѓаните кои ги потрошиле своите животни заштеди на станови изградени без дозвола се жртви, а не виновни. Тие нема да бидат казнети“, нагласи Османи. Тој предупреди дека прв приоритет ќе биде проверка на конструктивната безбедност на овие згради.
„Граѓаните денес живеат со едно отворено око, плашејќи се за безбедноста на своите семејства“, рече Османи. Според него, прелиминарните анализи се загрижувачки. Доколку во Чаир се случи земјотрес, дури и мал, или пожар како оној во Кочани, жртвите би биле безбројни.“ Османи подвлече дека целта не е да се казнат измамените граѓани, туку да се гарантира нивната безбедност.
„Нашата цел е прво да им гарантираме на граѓаните дека зградите во кои живеат се безбедни за нив и нивните деца. Потоа ќе влеземе во процесот за одржливо решение“, рече Османи, предупредувајќи на јасна одговорност за виновниците.
„Оние кои ги измамиле граѓаните, администрацијата или раководството на општината, ќе бидат повикани на одговорност.“