Оставките на ДУИ доаѓаат како последица на вонредната состојба поврзана со уставните измени. Во оваа ситуација секој мора да се жртвува за доброто на државата, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Иако барањето на ВМРО-ДПМНЕ за повлекување од власт го смета за шовинистичко, сепак вели дека ДУИ е подготвена да оди во опозиција, но и на предвремени парламентарни избори само доколку ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени.