Северна Македонија ја отсликува реалноста и затоа светот ја вклучи во обликувањето на колективната безбедност, вели претседателот на ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, во интервју за racin.mk.
„Фактот што сме мала земја докажа дека не е дестимулација да бидете важни на меѓународната сцена. Тоа значи дека ако имате вредности и рефлектирате вредности, светот го препознава тоа и ве вклучува да ги обликувате прашањата и на глобално ниво. Ова е историјата на Република Северна Македонија“, вели Османи во интервјуто.
Шефот на ОБСЕ нагласува дека нашата земја верува и инвестира во мултилатерализмот, бидејќи тоа е единствениот можен начин да се соочиме со глобалните предизвици.
„Веруваме дека мултилатерализмот ги штити вредностите и интересите на помалите земји. Нашето вклучување во тие платформи, меѓу кои, покрај претседавањето со ОБСЕ, Северна Македонија оваа година претседава и со Јадранската повелба А5, претседаваме и со Процесот за соработка на Југоисточна Европа, членка сме на НАТО, преговараат за членство во ЕУ. Значи, ние учествуваме во најважните мултилатерални тела и платформи во светот, ние сме важна партија затоа што веруваме во мултилатерализмот и тоа е еден од приоритетите во нашата надворешна политика“, рече Османи.