Османи: Посебната канцеларија за граѓанското општество во ОБСЕ останува една од најважните додадени вредности на нашето претседателство

– На Паралелната конференција за Граѓанско општество во рамки на завршната сесија посветена на Декларацијата од Скопје која претставува официјален документ и патоказ за понатамошна соработка помеѓу ОБСЕ и граѓанските организации со конкретни заложби и насоки за нивно спроведување, министерот за надворешни работи Бујар Османи истакна дека е среќен што токму ние како претседавачи отворивме посебна канцеларија за граѓанското општество во ОБСЕ. Според него, тоа останува една од најважните додадени вредности на нашето претседателство.

Османи информираше дека 1400 меѓународни организации од граѓанско општество ја потпишале платформата, со што, како што рече „се покажа важноста што ја има нашето претседателство“.

– Северна Македонија знае многу добро колку е важна улогата на граѓанското општество во почитувањето на човековите права, демократијата и завршувањето на војните, бидејќи кога просторот за граѓанското општество се намалува, демократијата опаѓа и владеењето на правото се смалува, истакна Османи.

Османи порача дека основните столбови мора да бидат сѐ посилни и позатегнати, во смисла, како што рече, да го најдеме начинот да го деблокираме капацитетот на ОБСЕ.

– Како што завршува нашето претседателство, моите забелешки и коментари за паралелната сесија како една членка која даде круцијална улога за ОБСЕ, прво и најважно е дека завршивте одлична работа, а на крајот од денот, кажавме дека ова е сѐ за луѓето, истакна Османи.

Елина Валтонен, министерка за надворешни работи на Финска и иден претседавач истакна дека Финска има големо почитување за граѓанскиот дијалог, за кој рече дека ќе биде надграден.

– Овој дијалог е многу важен кога демократијата сѐ повеќе се намалува и станува алармантен бројот на вооружени конфликти, рече таа, дополнувајќи дека Финска става посебен акцент на соработката со граѓанското општество и бранителите на човековите права.

Поранешниот претседавач и министер за надворешни работи на Полска, Војчех Гервел, истакна дека е важно да имаме чувство на цел и сериозност.

– Мора да го заштитиме цивилното општество, голем дел од нив се под репресија и често пати се борат со закани на екстремисти кои се алармантни сами по себе, посочи тој.

Според генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид, оваа соработка е многу важна и го опфаќа сеопфатниот пристап на ОБСЕ.

Декларацијата од Скопје е составена од повеќе поглавја фокусирана на владење на правото, борба против корупцијата, озвоможувањето на простор на граѓанското општество, родова еднаквост, слобода на медиуми, климатски кризи, човекови права, вештачка интелигенција, миграции и друго.

Покрај министерот Османи, министрите за надворешни работи на Финска и Полска и генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид, на паралелната конференција учествуваат и генералниот секретар Матео Мекачи, директорката на ОБСЕ/ОДИХР, Тереза Рибеиро, претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Каират Абдракхманов, високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, Маргарета Цедерфелт и други гости на конференцијата.