Осминафинална жрепка во Лига Европа и Лигата на конференции

– Во седиштето на УЕФА во Нион денеска со жрепка ќе бидат одредени двојките за осминафиналето во второто и третото по ранг европско клупско натпреварување, Лига Европа и Лигата на конференции.

За точно напладне е закажана осминафиналната жрепка во Лига Европа, а еден час подоцна ќе бидат одредени и двојките за осминафиналето во Конференциската лига.

Осумте победници во групната фаза во Лига Европа (Арсенал, Бетис, Фенербахче, Ференцварош, Феенорд, Фрајбург, Реал Сосиедад и Унион Сент – Жил) изборија директен пласман и се одредени за носители, а преку плејоф натпреварите кои беа комплетирани синоќа им се приклучија Јувентус, Баер Леверкузен, Спортинг, Севиља, Унион Берлин, Манчестер јунајтед, Рома и Шахтјор Доњецк.

Првите натпревари ќе се играат на 9 март, а реваншите се на програмата една недела подоцна. Финалето во Лига Европа ќе се игра на 31 мај на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта.

Во Конференциската лига директен пласман во осминафиналето обезбедија Вест Хем, Ница, АЗ Алкмар, Слован Братислава, Виљареал, Ѓургарден, Башакшехир и Сиваспор, а преку плејофот им се приклучија Андерлехт, Гент, АЕК Ларнака, Фиорентина, Лацио, Базел, Лех и Шериф.

Првите натпревари се на програмата на 9 март, а реваншите на 16 идниот месец. Финалето во Конференциската лига ќе се одигра на 7 јуни во Прага.