Осмомартовска планинарска акција низ Бислимска клисура

Здружението за планинарење и заштита на планини „Козјак 2013“ Куманово и годинава ќе го одбележи Денот на жената со осмомартовска акција на Бислимска Клисура во селото Пчиња, информираа денеска од клубот. Осмомартовската акција ќе се организира утре, недела со почеток од 8:00 часот.

  • Оваа акција нуди можност на многу жени кои сакаат да ги направат своите први чекори во планинарењето уживајќи во егзотиката на Бислимската Клисура по течението на реката Пчиња, а посебно во доброто друштво на гостољубивите кумановци. Секако, цело е кога има се, па затоа без припадниците на посилниот пол не би било ни посигурно ни позабавно, па тие секогаш се покрај нас и секогаш се добредојдени, изјави Ангела Петковска од здружението.

Акцијата започнува во 8:00 часот пред мостот на реката Пчиња. Планинарите ќе пешачат преку борова, дабова шума по маркирана патека до видиковецот каде се гледа речиси целата клисура, а потоа до реката. Патеката е прилагодена за почетници, долга е околу 13 километри.