– Евгениј Пригожин, основачот на руската безбедносна компанија „Вагнер“, тврди дека рускиот претседател Владимир Путин бил измамен од министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов.
Во изјава за локалните медиуми, Пригожин рече дека воените службеници пред Путин ставиле документи кои содржат лаги.
Пригожин истакна дека кога групата „Вагнер“ ја презела контролата врз украински Бахмут, ги пуштиле сите воени новинари да одат таму за да ја видат вистината и додаде:
„Но, никој од нив не ги спомена илјадниците уништени тенкови и оклопни возила. Сите зборуваа глупости. Сега никого не носат таму [зоната на судири]. Не покажуваат ништо. Затоа што има огромни проблеми. Шојгу и Герасимов имаат едноставен пристап. Измислуваат страшни лаги за луѓето да им поверуваат. Тоа е она што го прават тие“, рече Пригожин.
Тој истакна и дека на Русија ѝ е потребна нова мобилизација.
„Загубите се многу сериозни, меѓу кои се и многуте мртви и ранети. Бројот на војници е намален. Порано во трупите дежураа 100 војници, сега се околу 60. Бидејќи бројот на војници е мал, бројот на жртвите е помал. Затоа луѓето треба да бидат подготвени за нова мобилизација“, додаде Пригожин.