Јан Кум, милијардерот и основач на WhatsApp пристигна во Хрватска. Неговата суперјахта долга дури 100 метри е снимена помеѓу островите Лопуд и Шипан, пишува Дубровник Тајмс.
Неговото богатство се проценува на 13 милијарди долари, а моментално ужива на хрватското приморје на брод тежок 200 милиони долари.
Луксузната јахта е опремена со џакузи и хелиодром, а има место за 15 гости во вкупно осум кабини. Освен луксузна јахта, овој милијардер поседува и приватен авион и други луксузни недвижнини.
Ова не е прв пат Кум да ужива во Хрватска. Претприемачот со украински корени пред три години одморал во Хрватска, кога на Вир бил фотографиран со три луксузни мегајахти.
Јахтата Moonrise, најскапата меѓу нив, вреди 220 милиони долари.