Еден од осомничените за монструозното злосторство, убиството на Вања Ѓорчевска (14) и Панче Жежовски (74), велешанецот Бора Видевски, е префрлен во болница во тешка здравствена состојба.
Адвокатот Бојан Манев, бранителот на Видевски, вели дека неговиот клиент е во тешка здравствена состојба и дека најверојатно му откажал трансплантираниот бубрег.
– Тој вчера беше префрлен во Градската општа болница, но поради сериозноста на состојбата е префрлен на државната клиника. На Видевски пред десет години му беше пресадена бубрег. Сега и тој откажа или е пред откажување, поради што неговата состојба е исклучително тешка – изјави адвокатот за порталот „Фокус“.
-Барам постојано да се држи во болнички услови, бидејќи реално не е погоден за затворски притвор. Последниот приговор е поднесен на 5 септември и не добивме никаков одговор – рече бранителот Манев.
Освен Видевски, за соучесништво во двојното убиство и киднапирање на брутален начин се осомничени и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во затвор е и организаторот Љупчо Палевски, кој беше екстрадиран од Турција, каде веднаш по извршувањето на двете дела избега.
Исто така, таткото на Вања, Александар Ѓорчевски е осомничен дека помагал во киднапирањето на неговата ќерка и е зад решетки.
Телата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панчо Жежовски беа пронајдени на 3 декември, откако беа пријавени за исчезнати на 27, односно 24 ноември. Мотивот за двете кривични дела е личен интерес.