,,Оставам простор за синот!” – Тошиќ чува нешто специјално за неговиот наследник, Атина и Ника го добија истото: Каков цар (фото)
Душко Тошиќ е горд татко на две ќерки и би дал сè за нив . Без разлика на заладените односи со нивната мајка, Атина и Ника се центарот на светот на угледниот фудбалски менаџер и нема желба што тој не може да ја исполни.
Но, Душко никогаш не криел дека би сакал да добие син. Еве што рече тој откако се роди Ника:
– Пресреќен сум што станав татко по вторпат. Сепак, нема да застанам тука. Се надевам дека еден ден ќе имам син кој ќе ме наследи на фудбалскиот терен.
– Моментално имам четири женски во куќата, така што сум малцинство, па не треба да чуди што посакувам син. Меѓутоа, ако имам девојка по третпат, не би се разочарал. Одиме понатаму, додека не се роди малиот Тошиќ – изјави тогаш Душко.
На десната рака ги имаше истетовирано имињата на Атина и Ника.
– Левата рака е празна, за син ми е – изјави Тошиќ пред многу години пред камерите на „Ексклузива“.
Неговата сопруга Јелена Карлеуша во 2018 година потврди за ,,Хелоу” дека сака и машки наследник.
-Најголемата желба на Душко е син. Ништо не форсираме, ако се случи ќе се случи. Дај боже, немам ни 40 години. Сè е можно кога сакате.
Во меѓувреме, многу работи се променија. Јелена и Душко сè уште официјално во брак, но само тие двајцата знаат дали живеат заедно.
А ако сакал наследник со кој би можел да игра фудбал, утеха би можела да биде помалата ќерка Ника, која наследила талент за тој спорт.