Оставени на милост и немилост – мултимилијардерот Илон Маск го намали породилното отсуство за вработените во Твитер од 20 недели на само 14 дена

Сопственикот на социјалната мрежа Твитер, Илон Маск, го намали платеното породилно отсуство на компанијата од 20 недели на само 14 дена, покажуваат внатрешните документи на компанијата.

Компанијата со седиште во Сан Франциско ја смени својата претходна политика на што и да се бара со закон во регионот каде што работат вработените, заедно со ‘подарок’ од двонеделен одмор“, напиша репортерката на New York Times, Кејт Конгер, цитирајќи интерен меморандум.

Не постои национална политика за платено семејно отсуство. Меѓутоа, Законот за семејно и медицинско отсуство на одредени вработени им дава неплатено отсуство за време на кое имаат заштитено работно место, поради одредени семејни и здравствени причини до 12 недели.

Промената на политиката на Илон Маск ги става работниците на социјалната мрежа Твитер кои бараат дополнително платено отсуство на милост и немилост на нивната држава.

Има 12 држави кои нудат некаква форма на платено семејно и медицинско отсуство. Во Калифорнија, државниот закон им дозволува на вработените да земат до осум недели платено отсуство.

Њујорк и Њу Џерси дозволуваат 12 недели платено отсуство, како и неплатено отсуство со заштита на работа до 26 недели.