ОСТАВИЛА ПОРАКА НА ЗГОДЕН ВОЗАЧ НА АВТОБУС на станицата а тој и се јавил: „БИ ГО ЗАПРЕЛ АВТОБУСОТ ЗА ТЕБЕ, но…“
Самохрана мајка на интересен начин се обиде да ја пронајде љубовта на својот живот
Една жена на која и се здодеале апликациите за запознавање решила да го најде својот избраник на малку поинаков начин.
Го оставила својот број на автобуска постојка со надеж дека ќе го привлече вниманието на „фит возач на автобус“ на маж со кој се гледала со недели.
И таа успеа во тоа.
Дона Сутер се надеваше дека најлесниот начин да го привлече мажот од нејзините соништа, кој бил возач на автобусот 531 во Вајтфилд, Манчестер, Англија, и со порака напишана на чекалната, бидејќи „веќе морала да преземе нешто “.
Таа седела во кафуле со својот пријател Рајан кога го здогледала возачот и се потрудила да го привлече неговото внимание. Таа гестикулираше со рацете да ја повика, а Рајан трчал по автобусот.
Меѓутоа, кога тоа не им успеало, решиле да му остават порака.
Мајката на две деца оставила белешка за мистериозен маж на автобуска постојка во која пишувало: „Фит возачу јави ми се“ заедно со нејзиниот телефонски број. Наскоро возачот одговорил.
Британката рекла дека возачот ја контактирал, но тој сакал да остане анонимен. Таа објасни дека тој е „навистина фин дечко“ и дека размениле неколку пораки. „Добив приватна порака од него, знаев дека е тој поради сликата на профилот.
Ми напиша: “Јас сум возач на автобус. Но за жал сум во врска”, гласела пораката испратена до Дони.
Иако Дона не била воодушевена од пораката, таа учтиво му се заблагодарила што нашол време да и се јави, додавајќи дека целата приказна станала хит и дека веројатно сега ќе биде уште поголема.
Иако овој пат не најде љубов, Дона не жали за својот романтичен гест.
“Тој всушност ми рече ‘изгледаш апсолутно прекрасно, да не бев во врска ќе го запрев автобусот. Затоа не можев да не ти одговорам'”, ги пренесе зборовите на возачот . Дона е самохрана мајка на две деца која работи на четири работни места и е сама веќе пет години. Таа изјавила дека и е доста од апликациите за запознавање и смета дека каваљерството треба да се врати во мода.