Остин ја посетува Украина за да ја увери во американската поддршка против Русија

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин пристигна во понеделникот во Киев во знак на поддршка за Украина бидејќи се зголеми загриженоста дека западните сојузници на Киев, особено САД – кои се нивниот најголем воен и финансиски поддржувач – се „уморни од војната“.

Само што пристигнав во Киев за да се сретнам со украинските лидери“, напиша Остин на социјалната мрежа Х.

„Денеска сум овде за да пренесам важна порака – САД ќе продолжат да стојат покрај Украина во нејзината борба за слобода против руската агресија, сега и во иднина“, додаде Остин.

Ова е втора посета на Остин на Украина, откако отпатува со воз до Киев од Полска.

Вашингтон и даде на Украина десетици милијарди долари воена и друга помош откако Русија ја започна својата неиспровоцирана инвазија во февруари 2022 година.