Осуденик избра да биде стрелан: Ова е само четврти случај во последните 50 години

Смртниот осуденик во Јужна Каролина,  Микал Махди, побара неговата казна да се изврши со стрелање.

Ова доаѓа само пет недели откако американската држава на ваков начин ја изврши смртната казна за прв пат по децении.

Махди беше осуден за убиството на полицаецот Џејмс Мајерс во 2004 година. Сопругата на Мајерс го пронашла неговото изгорено тело, застрелано најмалку осум пати, вклучително и двапати во главата. Егзекуцијата на Махди е закажана за 11 април.

Махди ќе биде врзан за стол оддалечен 4,6 метри од тричлениот стрелачки вод. Целта ќе му биде поставена на градите.

Само тројца затвореници, сите во државата Јута, биле егзекутирани во САД со стрелачки вод во последните 50 години.