Министерството за одбрана денеска го објави новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на Армијата на Република Македонија, јавува Телеграф Македонија.
„Рокот за пријавување е 7 дена заклучно со денот на објавување на Јавниот оглас. Младите кои се заинтересирани да аплицираат треба да ги исполнуваат следните услови: да се државјани на Република Македонија, да се полнолетни, да имаат завршено средно образование, да имаат посебни здравствени и физички способности и да не се постари од 25 години до денот крајот на огласот за прием на професионални војници.
Платата на професионалните војници ќе биде над 31.000,00 денари, со над 10.000,00 денари дополнителни за станбено осигурување.
Во постапката за избор, проверката на физичката и здравствената подготвеност на кандидатите за професионални војници на служба во Армијата ќе ја вршат посебни комисии формирани од министерот за одбрана.
Кандидатите кои претходно се пријавиле на јавниот оглас за прием на професионални војници и успешно ги поминале сите фази од постапката и не се примени на служба во армијата, доколку од последните проверки поминале не повеќе од девет месеци, т.е. кандидатите не подлежат на контрола на физичката состојба и здравствени прегледи“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.