Постојат неколку многу добри причини зошто треба да оставите жив пајак кога ќе го видите како шета низ вашата куќа.
Пред сè, треба да запомните дека повеќето пајаци воопшто не се опасни, а некои од нив јадат штетници и инсекти кои носат болести , вклучително и комарци. Во Африка постои и вид на пајак, наречен скокачки пајак, кој јаде само комарци полни со крв.
Се разбира, другите видови јадат и лебарки, молци итн. Значи, пајаците се корисни затоа што можат да придонесат за заштита на нашето здравје.
Истражувањето објавено во списанието The Science of Nature покажа дека сите пајаци во светот јадат помеѓу 400 и 800 тони инсекти и други мали животни годишно.
Неодамна е докажано дека пајаците играат важна улога во екосистемот. Тие се глобално важни за намалување на бројот на инсекти и одржување на природната рамнотежа.
Во народната медицина се користеле пајакови мрежи за заздравување на раните и за намалување на крварењето. Современата медицина откри дека пајаковите мрежи се богати со антисептик вебицилин и витамин К, кој игра важна улога во згрутчувањето на крвта.
Се разбира, сосема е природно некои луѓе да се плашат од пајаци, но и покрај тоа, не треба да ги убивате. Најдобро е да го фатите во контејнер и да го пуштите назад во природата.