ОТКРИЕНА ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА КИМ ЏОНГ-УН! Лидерот на Северна Кореја има три деца: Зошто во негова придружба може да се забележи само неговата ќерка !? (фото)
Првото дете на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е син, а се верува дека има и трето дете, чиј пол не е познат, ова денес го објавија пратениците на јужнокорејскиот парламент за наодите од извештајот на Националната Разузнавачка Служба (НИС).
Синот на Ким до сега не се појавил во јавноста, додека ќерката Ју-ае веќе е видена со нејзиниот татко во неколку наврати, што ги поттикна шпекулациите дека таа се подготвува да биде следниот лидер на земјата, објави медиумската агенција Reuters.

Од друга страна, во НИС сметаат дека најверојатното објаснување за појавувањето на Ју-ае во јавноста е дека Ким Џонг-ун сака да и покаже на јавноста дека негов наследник ќе биде четвртата генерација лидери од тоа семејство.
Еден пратеник посочи дека извештајот не ги потврдува гласините дека синот на Ким има физички и психички проблеми.
Во истиот извештај на НИС се наведува дека Северна Кореја е во состојба да одржи големи воени вежби и да тестира нова интерконтинентална балистичка ракета во текот на пролетта.

Исто така, се вели дека недостигот на храна во земјата сè уште не е доволно сериозен за да се смета за закана за режимот, и покрај тоа што Северна Кореја се соочува со годишен недостиг на ориз од 800.000 тони.