ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА СМРТТА НА ТИНА ТАРНЕР: Еве поради што умре кралицата на рокенролот на 83 години
Светската ѕвезда Тина Тарнер почина вчера на 83-годишна возраст во својот дом во Швајцарија.
Во текот на животот се борела со рак и висок крвен притисок.
Извори блиски до неа објавија за Daily Mail дека музичката дива починала од природна смрт.
Да потсетиме, Тина еднаш во своите мемоари призна дека имала намера да се самоубие поради долгорочното малтретирање кое го трпела од нејзиниот поранешен партнер Ајк Тарнер.
Нејзиниот сопруг Бах, со кого на крајот ја нашла среќата, ѝ го донирал својот бубрег во 2017 година.