ОТКРИЕНА ФАБРИКА НА СМРТТА НА ХАМАС: До детската соба откриен производствен погон со складиште за дронови и оружје
Војниците на ИД лоцираат објект за производство и складирање на оружје на Хамас во станбена зграда, веднаш до детската спална соба.
Според официјалната израелска страница на Твитер за известување за војната со Хамас, војниците на израелските одбранбени сили пронашле производствен погон во една од станбените згради во Газа, а во неа се произведувало оружјето што Хамас го користи во тековната војна.
– Војниците на ИД открија производствен и складишен капацитет на Хамас за производство и складирање на беспилотни летала и оружје. Локацијата била во станбена зграда, во непосредна близина на училишта во центарот на населбата Шеик Радван во северниот дел на Газа. – се наведува во соопштението.
IDF soldiers locate a Hamas weapons production and storage facility inside a residential building, right next to a children’s bedroom.
— Israel War Room (@IsraelWarRoom) November 9, 2023
IDF soldiers discovered a Hamas weapons manufacturing and storage facility used to produce and store UAVs and weapons. The site was located in a… pic.twitter.com/BWQiaH11Fq
Во зградата веднаш до детската спална соба наводно биле пронајдени експлозиви и оперативни планови на Хамас.