Откриена шокантна причина зошто мажените жени ги изневеруваат сопрузите: Македонците често се однесуваат така, а 73 отсто од дамите тврдат дека затоа влегуваат во афери!
Повеќето жени кои изневеруваат и имаат вонбрачни афери го прават тоа затоа што нивните партнери не ги извршуваат доволно домашните работи, покажа едно големо истражување во Франција.
Звучи чудно, но бројките не лажат! Анкетата ја спроведе апликацијата за запознавање Gleedon која се занимава со поврзување на парови кои веќе се во врска или брак, а на даденото прашање можело да одговорат само женските корисници на страницата.
Во истражувањето учествувале дури 10.000 жени, а 73 отсто изјавиле дека една од главните причини за нивната прељуба е тоа што нивниот брачен другар или љубовник не помагал доволно дома.
Речиси 9 од 10 испитаници рекле дека ги нервира недостатокот на машка вклученост во домашните работи, додека 84 отсто од нив признале дека тоа довело до големи кавги.
Интересно, истражувањето на Универзитетот во Мичиген покажа дека сопрузите се оние кои вршат седум часа дополнителни домашни работи неделно, додека во пракса повеќето би се согласиле дека жените се тие кои ги извршуваат.
Друго истражување покажало дека паровите кои подеднакво ги делат домашните работи имаат повеќе сексуални односи од оние кои се придржуваат до старите сексистички стереотипи, пишува The Independent.