Откриени детали од предбрачниот договор! Аријана Гранде имала посебни барања од својот сопруг (фото)

Пејачката Аријана Гранде пред неколку дена поднесе барање за развод од сопругот Далтон Гомез. Во таа прилика пејачката побарала да се испочитува нивниот предбрачен договор кој содржи доста драстични барања.

Имено, во договорот стои дека таа сака сопругот да ја финансира со одредена сума во вид на алиментација во случај на развод. 30-годишната девојка изјавила и дека сака да го поседува својот накит и други лични предмети, како и заработката и сето она што е стекнато пред брак.

Она што се смета за праведно е тоа што и двајцата се согласуваат заедно да ги платат судските трошоци.

Аријана го наведе 20 февруари како датум на разделба, а како причина за разводот ги наведе нивните непремостливи разлики. Далтон даде одговор истиот ден кога Гранде поднесе барање за развод, и тој наведувајќи го 20 февруари како датум на нивната разделба.

Во својот одговор, агентот на Аријана не побарал поддршка од брачниот другар како што првично побарала Аријана, туку побарал од судот да го остави тоа прашање за идна одлука.

– И двајцата продолжија понатаму – тврди извор близок до нив.

И навистина, Аријана влезе во ново поглавје во нејзиниот живот, кое вклучува романса со младата ѕвезда од „Wicked“ Итан Слејтер.