Откриени нови детали: Се работи за бизнисменот Александар Томиќ, познат како Бато, чие тело е пронајдено закопано во шума

Исчезнувањето на Александар Томиќ или Бато, чие тело денеска беше пронајдено закопан во шума во Пале, го пријавила неговата сопруга, која изјавила дека последен пат го видела сопругот како излегува од семејната куќа во автомобил „ауди“ управуван од Иван Дивљан, кој е приведен за информативни цели.

Оваа непотврдена информација ја објави ,,Ослобоѓење” од Сараево. Исто така, според некои медиуми, Дивљан му должел пари на Томиќ.

Според неофицијални информации, Томиќ бил бизнисмен и се занимавал со препродажба на автомобили. Потсетуваме, Томиќ е пронајден во село Јеловци, општина Пале.

Според неофицијални информации на порталот ,,Срна”, тој бил убиен, а потоа неговото тело било закопано во шума. Полицијата води истрага, а повеќе детали се очекуваат по нејзиното завршување.

Бато пред само три дена го прослави својот 41 роденден со сопругата Тијана и двете мали деца.