Откриено е зошто манекенката од Балканот го убила сопругот од Пеќ: Роднината ја откри страшната причина
Трагичниот настан во Мајами, каде 27-годишната Сабрина Красниќи Џаферовиќ во луксузен стан го уби својот сопруг Пајтим Красниќи, доби нова димензија благодарение на деталите што ги откри роднината на жртвата.
Егзон Хисени изјавил дека конфликтот меѓу парот започнал откако Пајтим открил дека сопругата го изневерува.
Откако и’ ги презентирал доказите за тоа, тој и’ побарал развод, што наводно ја натерало Сабрина да изврши страшно злосторство.
– Вистината што ја знаеше братот на Пајтим е дека открил некои неправилности во станот и сфатил дека сопругата го изневерува. После тоа, тој и побарал развод, поради што Сабрина го убила него, а потоа и самата – изјавила Хисени.
Полицијата соопшти дека се убиени Пајтим Красниќи (34) и неговата сопруга Сабрина Красниќи Џаферовиќ (27). Тој е Албанец од Пеќ, додека нејзиното потекло е исто така од Балканот.
„Преку истрагата е утврдено дека Сабрина смртно го застрелала сопругот повеќе пати, а потоа си го одзела животот“, соопштија од полицијата.
Пајтим ќе биде погребан во Њујорк на 4 декември.