Откриено е како убиецот од Магдебург ги поминува деновите во затвор: Тој е сместен во специјална ќелија а се гледа само со една личност
Докторот Талеб ал Абдулохсен, кој е осомничен дека во петокот со „БМВ“ уби пет и рани 200 луѓе на божиќниот саем во Магдебург, е под постојан полициски надзор во затворот.
Тој од саботата е во строго обезбедуван затвор. Според германските медиуми, тој е сместен во специјална затворска ќелија и е изолиран од другите затвореници. Тој има контакт само со адвокатот.
Талеб мора да носи специјално дизајниран хартиен костум за да го спречи да изврши самоубиство голтајќи ткаенина од облеката.
Откако бил примен во затворот, бил детален преглед за да се утврди неговата здравствена состојба. Тој беше испрашуван и дали пред крвавиот марш до саемот конзумирал недозволени супстанци или алкохол.
Во затворот, како и другите затвореници, има право да помине еден час во дворот и сам одлучува дали ќе го користи или не. Додека е надвор, нема комуникација со другите затвореници.
Додека оди низ дворот, го набљудуваат неколку чувари.
Според германските медиуми, Талеб по професија е лекар кој на социјалните мрежи се залагал за борба против исламизмот и за кој според првичните информации се верува дека дејствувал сам.
Според моментално достапните информации, напаѓачот е специјалист по психијатрија и психотерапија, по потекло од Саудиска Арабија.
Тој дошол во Германија во 2006 година и оттогаш живеел во Бернбург, на околу 50 километри јужно од Магдебург.