Откриено е кога Кејт ќе се врати на должност

Бакингемската палата потврди дека принцезата Кејт Мидлтон нема да се појави на парадата во средината на јуни и покрај многуте очекувања.

На парадата, позната како Trooping the Colour, ќе присуствуваат кралот Чарлс и кралицата Камила. Но, овој пат, наместо на коњ, кралот ќе биде во кочија, за што се верува дека е лекарска препорака поради неговата дијагноза рак.

кралот Чарлс

Да потсетиме, Кејт во јануари заврши во болница, каде беше оперирана на абдоменот. Два месеци подоцна таа на социјалните мрежи објави дека боледува од рак. Таа не ги откри деталите за нејзината болест, а јавноста побара приватност за време на нејзиното закрепнување. Меѓутоа, во последно време Кејт се почесто се дружи и излегува од дома.

Кејт Мидлтон

Нејзе и треба повеќе време и простор за да се опорави

Дејли мејл истакнува дека принцезата од Велс била почесто видена со своето семејство надвор од куќата во последните неколку недели , а работниците од палатата велат дека биле преплавени со десетици илјади писма во кои и посакувале добро на принцезата откако и била дијагностицирана непријатна болест. За една недела на адресата на палатата пристигнуваат приближно илјада писма, а откако се дозна за нејзината дијагноза, нивниот број се зголеми десет пати.

Кејт Мидлтон

Иако појавувањето на Кејт Мидлтон со семејството во јавноста многумина го сфатија како позитивен знак, Кенсингтонската палата нагласи дека и треба уште време и простор за да се опорави. Извор од Кенсингтонската палата исто така нагласи дека нејзиното појавување надвор не треба да се смета како нејзино враќање на работа по тешка операција.

Кејт Мидлтон, принцот Вилијам

Како што е познато, Кејт се уште не се приклучила на своите службени обврски и јавни настапи, но добро е упатена во се и ги следи сите извештаи од дома. “Голем број вработени треба да го знаат точниот распоред на настани неколку месеци однапред. Ми рекоа дека календарот на Кејт е целосно празен до крајот на годината. Ништо не е планирано. Според сите индикации, не очекувајте таа да се појави јавно оваа година “, изјави изворот за Daily Beast.