Откриено е кога ќе заврши мировниот план за Русија и Украина: Човекот на Трамп проговори и ја налути Европа!

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, Кит Келог денеска изјави дека мировниот план за Украина може да биде завршен за неколку денови или недели.

Комплет Kelog.jpg

„Треба да ни дадете малку простор и време, но кога го велам тоа, не зборувам за шест месеци, туку за денови и недели“, рече тој во Минхен.

Келог рече дека во моментов постои „двоен пристап кон мировните преговори, со претставници на САД во врска со Русија и одделно со Украина и сојузничките нации“.