Откриено е на која возраст жените најмногу уживаат во сексот – одговорот може многумина да изненади – ќе погледнете
Истражувањето објавено во списанието Personality and Individual Differences утврдило на која возраст жените најмногу уживаат во интимните врски и зошто.
Во истражувањето учествувале 827 жени поделени во три групи. Во првата имало жени со висока плодност на возраст од 18 до 26 години, во втората оние со ниска плодност на возраст од 27 до 45 години, а во третата имало жени кои се во менопауза од 46 години па натаму.
Врз основа на нивните одговори во истражувањето, истражувачите откриле дека жените на возраст од 27 до 45 години најмногу уживаат во сексот. Имаат зголемен сексуален нагон како одговор на намалената плодност и честите сексуални фантазии, активен сексуален живот и подготвеност за повремен секс.
Докторката Џудит Истон изјавила дека резултатите од нивното истражување покажуваат дека жените не треба да бидат „залажувани“ од желбата потомството за да доживеат сексуална кулминација.
„Нашите резултати покажуваат дека нема ништо посебно во триесеттите, туку дека овие однесувања се рефлектираат кај сите жени кои доживуваат пад на плодноста. Можеби е потешко да се забремени по 35-тата година, но истражувањата покажуваат дека жените ќе бидат мотивирани до менопауза“, вели таа.