Откриено зошто телото на малата Данка не е пронајдено! Еден осомничен се вратил и го префрлил телото на друга локација

Министерот за внатрешни работи на Република Србија, Братислав Гашиќ, одржа медиумска конференција за убиството на Данка Илиќ (2).

Министерот Гашиќ во оваа прилика изнесе детали за осомничените за убиството на малата Данка Илиќ кое ја потресе цела Србија!

– Ги донесовме утредента, полиграф ги тестираше. Возачот на автомобилот имал задоцнета реакција на полиграфскиот тест, додека сопатникот веднаш реагирал. Веднаш им ги запленивме автомобилите. Тој автомобил беше полн со алат и резервни делови. Двајцата нè однесоа на депонијата да ни покажат каде е телото, но имаме информации дека едниот се вратил на 28 и го префрлил телото на друга локација. Не можеме да им веруваме бидејќи меѓусебно се обвинуваат – изјави Гашиќ.