РОНАЛДО ПРЕДИЗВИКА ВИСТИНСКИ ХАОС ВО ШПАНИЈА – Португалецот ‘дивееше’ со својот ‘ѕвер’ вреден 8.000.000 евра – ги има само 10 во светот! (видео)

Познатиот португалски фудбалер Кристијано Роналдо е забележан како се возел со својот супер луксузен автомобил Bugatti Centodieci низ улиците на Мадрид.

Фудбалерот на Ал Наср е вистински љубител на скапи и брзи автомобили. Со одличните игри кои ги имаше низ годините си обезбеди астрономска заработка која знаеше да ја искористи на вистински начин.

Тој неодамна купи модел на луксузен автомобил од компанијата Bugatti. Станува збор за „машина“ со мотор W16 и 16.000 коњски сили. Достигнува максимална брзина од 380 километри на час, а од 0-100 km/h може да забрза за само 2,4 секунди. Автомобилот вреди неверојатни осум милиони евра и ги има само 10 во целиот свет, па не е ни чудо што луѓето паѓаат во транс кога ќе го видат во живо.

Славниот Португалец го возел својот „ѕвер“ во Мадрид и предизвикал општо лудило. Кога се појавил со своето скапо милениче настанало вистинско лудило. Воодушевените обожаватели го снимија славниот ас како влегува во својот суперавтомобил и го вози низ улиците на шпанската престолнина.