ДАЛИ ПУТИН ЌЕ ПАТУВА ВО ТУРЦИЈА !? Потпаролот на Кремљ: “Засега нема конкретна одлука“

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денес соопшти дека се уште не е донесена одлука дали рускиот претседател ќе ја посети Турција на крајот на април.

Засега нема конкретни одлуки, но руската страна ќе биде соодветно претставена“, изјавил Песков, пренесува руската државна агенција РИА Новости.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган претходно изјави дека неговиот руски колега Владимир Путин би можел да ја посети Турција на крајот на април по повод отворањето на нуклеарната централа Акују.

Претседателот Владимир Путин би можел да дојде во Турција на 27. април на церемонијата на стартување на нуклеарната централа. Можеби ќе учествуваме заедно на неа во он-лајн формат“, изјави неодамна Ердоган.

Ердоган прецизираше дека Путин треба да присуствува на церемонијата на полнење гориво во првата турска нуклеарна централа.

Првиот реактор на нуклеарната централа Акују треба да започне со работа кон крајот на оваа година, додека целата централа треба да биде во функција до 2025 година. Ердоган и Путин неодамна разговараа телефонски за соработката меѓу Турција и Русија за стратешки енергетски проекти, вклучително и централата Акују и снабдувањето со природен гас.