Откриено името на синот на Ријана: Го именуваше во чест на музичкиот продуцент и рапер

Конечно, откриено е името на синот на Ријана, кој се роди пред 11 месеци.

Популарниот пејач и рапер A$AP Rocky го чуваше името на првото дете во тајност речиси една година, но британскиот Daily Mail доби копија од неговиот извод од матичната книга на родените. Во него пишува дека нивниот мал син се вика RZA Athelston Mayers.

Имено, првото дете на 35-годишната пејачка наводно го добило името во чест на продуцентот и рапер RZA, еден од членовите на култната музичка група Wu-Tang Clan. Ријана, која моментално е бремена со своето второ дете, неколку пати навести за името што го избрале за нејзиниот син затоа што по породувањето често носела облека со логото на кланот Ву Танг.