Откриено каков рак има Кејт Мидлтон! Врз основа на дијагнозата на друга болест, лекарот дошол до заклучок за каков вид станува збор

Кејт Мидлтон кон крајот на март објави дека и’ е дијагностициран рак и дека ќе оди на превентивна хемотерапија, но оттогаш нема никакви најави.

Ниту од Кенсингтонската палата не даваат нови прецизни информации за нејзината состојба, но според последните извештаи, принцезата од Велс нема да се врати на службените обврски пред 2025 година.

Иако во јавноста многу се шпекулираше за здравјето и лекувањето на убавата Британка, единствено е сигурно дека таа се подложи на таканаречена „превентивна хемотерапија“. Но, засега официјално не е објавено каков вид на рак има Кејт, иако своето мислење на оваа тема го искажа познатиот американски лекар Марк Сигел.

„Еден од шефовите на онкологијата на Институтот за рак Лангоне во Њујорк верува дека можеби се работи за рак на дебелото црево и дека главната операција на абдоменот што ја имала можеби била ресекција на дебелото црево поради Кронова болест.

„Воспалителната болест на цревата во голема мера го зголемува ризикот од рак на дебелото црево”, изјави д-р Сигел за Fox News Digital.

Да потсетиме, веќе е познато дека на принцезата во ноември 2012 година и’ била дијагностицирана Кронова болест, хронично воспалително заболување на цревата кое го зафаќа целиот дигестивен тракт.

– Можеше да се случи да направи операција на дебелото црево поради Кронова болест и подоцнежните патолошки наоди да утврдат дека има и рак. Тој тип на операција би го објаснил и подолгото време за опоравување – ја нагласи својата претпоставка базирана на долгогодишно професионално искуство.

Д-р Сигл потоа ги повтори своите сомнежи во изјава за телевизијата „Фокс њуз“, која ја поддржа со консултации со други експерти.

– Разговарав со неколку стручњаци, врвни онколози и колоректални хирурзи и сите го кажуваат истото. Кејт Мидлтон најверојатно има или ран рак на дебелото црево или на тенкото црево, кој е отстранет и хируршки излечен, или рак на јајниците или на матката , рече тој, додавајќи дека поверојатно е дека нејзината дијагноза е рак на дебелото црево, поради локацијата на операцијата и фактот дека на видеото изгледа како да не ја изгубила косата.

Без оглед на ракот што принцезата имала или сè уште има, д-р Зигел заклучил дека нејзината прогноза може да биде добра.

– За жал, дијагностицирав многу случаи на рак, но сè повеќе се оние кои беа доволно рано откриени за да се излечат. Каков и да е рак, изгледа како да го извадиле. Добрата вест е што го употребија зборот „превентивен“, што би значело дека ракот е отстранет во целина и дека се дава хемотерапија за да се зголемат шансите да не се врати – заклучил овој американски експерт.

Инаку, д-р Сигл е редовен соработник на медиумската компанија „Фокс њуз“, клинички професор по медицина и интернист во медицински центар во Њујорк.