ОТКРИЕНО КОЛКУ ПАРИ ЗЕМА ‘КРАЛИЦАТА НА БАКШИШОТ’ – Еве колку заработува Теа Таировиќ за еден настап: Бројките се оргомни, а една изведба чини вистинско богатство
Една од најатрактивните балкански пејачки, Теа Таировиќ, на престојната турнеја ќе заработи 150.000 евра за 10 настапи во САД! Пејачката замина на двонеделна турнеја, која веќе беше распродадена со месеци однапред, а за само еден нејзин настап организаторите мора да одвојат 15.000 евра.
Теа Таировиќ досега има настапувано четири пати во САД, а според изворот кој го имаат дел од српските медиуми, до крајот на септември се очекува да одржи уште шест концерти.
„Таа досега има настапувано пред нашинците во Атланта, Чикаго, Флорида и Мајами. За секоја од тие претстави се бараа билети повеќе, а организаторите дури прашаа дали има можност да се продолжи турнејата, бидејќи интересот за нејзе е огромен. Самата Теа Таировиќ се шокирала кога видела колку се полни дискотеките каде што настапува и колку ја сакаат нашите таму. Кога синоќа на Флорида ги пееше песните од новиот албум, почна да плаче бидејќи сите заедно со неа ги пееја хитовите… Ни во најлудите соништа не можеше да замисли дека ќе има толку многу обожаватели во ветената земја“, рекол изворот за Kurir.rs и додал дека таа сепак морала да го одбие продолжувањето на турнејата.
Теа Таировиќ е на листата на најплатени пејачки во регионот. По концертот на еден стадион во Белград пред околу 10.000 луѓе, нејзината цена се зголемила за повеќе од двојно.