ОТКРИЕНО КОЛКУ ТОЧНО ПАРИ ЗАРАБОТУВА ГОРАН ИВАНИШЕВИЌ – Тренерот на Новак Ѓоковиќ добива астрономска плата, бонуси, но и процент од секој Грен Слем

Горан Иванишевиќ се најде во центарот на вниманието на јавноста во регионот поради тужбата против неговата поранешна сопруга Татјана Драговиќ за парите и станот што и припаднаа по нивниот развод.

Медиумите во Хрватска, но и во целиот регион почнаа да се занимаваат со оваа тема, па почнаа да излегуваат детали од приватниот живот на Горан Иванишевиќ. Меѓу другото, исплива и колку пари заработува како тренер на Новак Ѓоковиќ!

Австралија опен, Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ
Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ

Хрватскиот веб-портал 24sata откри дека Горан Иванишевиќ добива од шест до десет илјади евра неделно од Новак Ѓоковиќ. Исто така, покрај платата, добива и бонуси, но и процент од освоените Грен Слемови, кои, како што открива споменатиот извор, изнесуваат околу десет отсто.

Откако Новак Ѓоковиќ освои три Грен Слем титули оваа година, неговиот тренер може да добие околу 300 илјади за секој пехар.