Откриено кој го кодошел принцот? Дури и поранешната сопруга повеќе не е војвотка, а еве што се случи со ќерките ФОТО
Британскиот принц Ендру, кој денес објави дека се откажува од сите свои титули, вклучително и онаа на војвода од Јорк, технички го задржува војводството, бидејќи може да се одземе само со одлука на Парламентот, според „Гардијан“.
Тој ќе го задржи својот кнежевски статус како син на покојната кралица Елизабета Втора, но повеќе нема да ги користи благородничките титули или почести што му се доделени, според неговата официјална изјава.
„Со согласност на Неговото Височество, сметаме дека сега морам да одам чекор понатаму. Затоа, повеќе нема да ја користам мојата титула или почестите што ми се доделени. Во разговор со кралот и моето најблиско и пошироко семејство, заклучивме дека континуираните обвинувања против мене го одвлекуваат вниманието од работата на Неговото Височество и кралското семејство. Решив, како и секогаш, да ја ставам мојата должност кон семејството и земјата на прво место. Стојам зад мојата одлука од пред пет години да се повлечам од јавниот живот“, рече во соопштението Принцот Ендру.

Принцот додаде дека ги негира сите обвинувања изнесени против него.
Според британскиот весник, кралот Чарлс е задоволен од исходот, а во консултациите учествувале и принцот Вилијам од Велс и други членови на семејството.
Секако, тој ќе остане принц, како втор син на покојната кралица Елизабета II. Поранешната сопруга на Ендрју, Сара, војвотката од Јорк , исто така повеќе нема да ја користи титулата, таа едноставно ќе биде Сара Фергусон.
Титулите на нивните ќерки, принцезата Беатрис и Евгенија, остануваат непроменети.
Повик за промена на законот
Пратеничката од парламентот на Јорк Централ, Рејчел Маскел, побара измени во законот со оглед на овие случувања.
Предлог-законот, кој го поддржува Маскел, би му дал на кралот овластување самиот да иницира одземање на титулите или да го стори тоа по препорака на парламентарен комитет.
„По напорите за промена на законот со Законот за укинување на титулите, мислам дека сега е време за ова законодавство“, рече пратеничката Маскел.
Обвинувањата против Ендру, поради кои тој се откажа од своите титули, се однесуваат на неговата врска со покојниот сексуален престапник Џефри Епштајн , како и на неодамнешните детали за неговата вмешаност во случајот со шпионажа за Кина, според британскиот весник.
Оваа недела, „Гардијан“ објави извадоци од мемоарите на жртвата на Епштајн , Вирџинија Џуфре , која изврши самоубиство во април на 41-годишна возраст.
Ендру постојано негираше дека имал сексуални односи со Џуфре кога имала 17 години, и тој постигна спогодба со неа во износ од околу 12 милиони фунти, без да признае одговорност.
Исто така, „Гардијан“ наведува дека Ендрју во 2018 и 2019 година имал состаноци со член на кинеското Политбиро, Цаи Ќи, за кого се сомневало дека е примател на класифицирани информации што двајцата британски државјани обвинети за шпионажа наводно ги доставиле до Пекинг.