ОТКРИЕНО КОЈ ГО СНАБДУВА И ПОМАГА ХАМАС !? Сите индиции за потеклото на моќното оружје укажуваат на само една земја
Милитантите на Хамас наводно користеле севернокорејско оружје за време на нападот врз Израел на 7. октомври.
Тоа го кажуваат јужнокорејските власти и двајца севернокорејски експерти за оружје кои ги анализирале видеата од нападот и оружјето запленето од Израел, пренесуваат странските медиуми.
Пјонгјанг негира дека доставувал оружје за милитантите, но соговорниците за странските медиуми укажуваат дека Хамас користел ракетни фрлачи F-7 против оклопни возила. Тие, исто така, истакнаа дека пропагандните видеа и фотографии на Хамас го покажуваат севернокорејскиот противтенковски ракетен систем и автоматската пушка тип 58, која е копија на автоматот АК-47.
Здружениот генералштаб на Јужна Кореја на брифингот особено ја нагласи употребата на севернокорејски фрлачи на гранати.
Но, севернокорејската медиумска агенција KCNA, сепак, ги нарече таквите информации „неосновани и лажни гласини“ организирани од Соединетите Американски Држави.
Во декември 2009 година, тајландските власти заплениле 35 тони оружје од севернокорејски товарен авион кој поради технички проблеми слетал на аеродромот во Бангкок. Тајландските власти тогаш изјавија дека оружјето било наменето за Иран. Во 2012 година, САД објавија дека пресретнатиот товар бил наменет за Хамас.
Западните влади се сомневаат и дека Северна Кореја и доставува муниција и на Русија, на која и е потребно оружје за војната во Украина. Белата куќа минатата недела објави дека Северна Кореја и доставила на Русија повеќе од 1.000 контејнери со воена опрема и муниција.