Откриено кој му платил на Дани Алвеш кауција од милион евра: Сите мислеа дека тоа го сторил Нејмар, но никој не го очекуваше потегот на овој фудбалер (фото)
На 25 март, Дани Алвеш беше ослободен од затвор во Барселона, каде одлежа 4,5 години откако беше осуден за силување девојка во ноќен клуб на 31 декември 2022 година.
Кауцијата од еден милион евра беше платена во текот на денот, па Бразилецот можеше да излезе на слобода.
Бидејќи сметките на Дани Алвеш беа замрзнати, исплатата не можеше да се изврши од неговата сметка, но му помогнаа колегите.
Најпрвин, на Дани Алвеш му биле исплатени 150.000 евра од Нејмар, за да и’ плати отштета на девојката која претрпе силување и да биде полесна казната на судењето.
Многумина мислеа дека токму Нејмар ја платил кауцијата од милион евра, но сега пристигнуваат информации дека тоа го направил уште еден негов соиграч од Барселона – Холанѓанецот Мемфис Депај.
Дани Алвеш и Мемфис Депај се „поклопија“ во Барселона само една година во сезоната 2021/22, но очигледно брзо станаа пријатели, што овој му помогна да излезе од затвор и плати огромна сума на пари.