Откриено минатото на Емина Јаховиќ – пред да пее се занимавала со оваа професија: Никој не би рекол

Пејачката Елма Синановиќ завршила факултет во Нови Пазар и дипломирала новинарство, а иако желбата била да биде професорка по англиски јазик, Елма благодарение на покојниот сопруг запловила во сосема други води и започнала музичка кариера.

Елма и нејзиниот сопруг имале телевизиска куќа, а нејзината сегашна колешка Емина Јаховиќ работела како синоптичар.

– Емина беше најубавата водителка на временска прогноза досега. Таа беше како бонбона. Нејзе и’ беше интересно некое време. Секогаш сакаше да пее и јас и’ помогнав да стигне до Дино Мерлин. Нејзи и’ најдоа црногорски композитори, но јас веднаш им реков да не го прават туку да ја одведат кај Мерлин. Луѓето ме послушаа и на стартот ја направија вистинската работа – открила Елма, а Емина еднаш проговори за тоа.

– Со задоволство се сеќавам на моите тинејџерски денови. Уживав во времето што го поминав работејќи на телевизија и радио. Тогаш првпат ја покажав мојата креативна слобода, што подоцна ме наведе да тргнам по патот на музиката и јавниот живот – изјави Емина.