ОТКРИЕНО ШТО СЕ КРИЕ ЗАД ЕКСПЛОЗИЈАТА НА НИАГАРА? Сите мислеа дека се работи за терористички напад, меѓутоа…

Иако се сомневаше за тероризам, некои индиции покажуваат дека се работи за несовесно возење.

Експлозијата на мостот „Виножито“ што ги поврзува САД и Канада кај Нијагарините водопади најверојатно била предизвикана од невнимателно возење , јавуваат агенциите, повикувајќи се на извори блиски до истрагата.

Претходно, Федералното биро за истраги (ФБИ) објави дека инцидентот се истражува како обид за терористички напад .

Белата куќа соопшти дека претседателот Џо Бајден е информиран за инцидентот на граничниот мост и внимателно ја следи ситуацијата.

Американските медиуми претходно објавија дека две лица загинале во експлозија на автомобил на мостот Виножито, во близина на Нијагарините водопади, кои ги поврзуваат САД и Канада.