Откриен идентитетот на убиецот на рускиот командант: Настанот го потресе Путин, Русија експресно реагираше (ВИДЕО)
Сергеј Денисенко е обвинет за убиство со умисла на Станислав Ржицки и илегална трговија со оружје, соопшти денеска рускиот истражен комитет.
Денисенко, украински државјанин, беше приведен претходно оваа недела под сомнение дека го убил Ржицки, поранешен командант на подморница во руската Црноморска флота.
Ржицки беше убиен во понеделник наутро додека џогирал низ парк во Краснодар. Тој беше заменик-началник на Генералштабот за мобилизација и, според извештаите, поранешен командант на подморницата Краснодар што се користеше за ракетни напади врз украинските градови.